Разиграната Португалија запиша втора победа без Роналдо, Чави се спаси од пораз во Солун

Дерби

02/10/2026

06:49

398

Големина на фонт

а а а

Случајот „Кристијано Роналдо“ ќе биде топ тема во португалската јавност уште некое време, но во меѓувреме, селекторот Жорж Жезус ќе има уште подобри аргументи за да објасни зошто не сметаше на него против Норвешка, а и денеска против Данска.

Капитенот демонстративно го напушти репрезентативниот камп и си замина од Копенахген по несогласувањата со селекторот, но Португалија и без својот долгогодишен голгетер покажа дека е доста разиграна и во добра форма во овој репрезентативен циклус.

По победите запишани над Велс и Норвешка, Португалија победи и на второто гостување во Скандинавија, овојпат над Данска во супер интересен натпревар.

Данска двапати се враќаше во игра по головите на Кансело и Рамош со погодоците на Дамсгарс и Хојлунд, но немаше решение за португалскиот квалитет во вториот дел и двата голови на Витиња и Жоал Феликс.

Португалија ја запиша третата победа во низа во новиот циклус во Лигата на нации, а додека медимите се оптеретуваат со Роналдо, Жезус сигурно поголемо внимание ќе посвети на добрата игра и првото место на табелата.

Од истата група во Лигата на нации, вреди да се напомене дека Велс ја победи Норвешка со 2:1, додека од втората група, интересен натпревар одиграа Грција и Холандија.

Домаќините водеа со 2:0 и беа на добар пат да приредат ново големо изненадување, но избраниците на Чави Ернандес реагираа навреме и преку Ван Дајк и Рејндерс се изборија за реми во Солун.