Манчестер Јунајтед не ја започна новата сезона на најдобар начин, а Рио Фердинанд смета дека екипата може да се засили со поранашен фудбалер на Реал Мадрид, кој во моментов е без ангажман.
Јунајтед во летниот преоден рок беше фокусиран на засилувања за средниот ред, но очигледно му треба освежување и на други позиции, вклучувајќи ја напаѓачката, а според Рио тоа е сигнал дека клубот треба да разговара со Карим Бензема.
Играчот кој во својата колекција има многу трофеи и „Златна топка“ нема клуб откако се раздели со Ал Хилал, па Фердинанд му го препорача на Јунајтед.
– Во ситуација кога Шешко не е достапен поради повреда или мора да му се менаџира минутажата, излегува дека Јунајтед требаше да ангажира и еден класичен напаѓач.
– Имаме офанзивни играчи кои често одат поблиску до центарот и учествуваат во акциите, но во такви ситуации го губиме присуството во шеснаесетникот. Ќе беше добро да имаше играч кој ќе можеше да ја дели минутажата со Шешко и да му го пренесува своето искуство. Покрај Велбек, во ваква ситуација може да помогне и Карим Бензема, тоа се играчи кои можеа да донесат дополнителен квалитет за тимот, – рекол Фердинанд.








