Ѕвездата на серијата „Пријатели“: „Доста ми е од ботокс! Ми се појави чудна несакана реакција, а погледнете како ми изгледа челото“

Точка

19/03/2026

14:41

588

Големина на фонт

а а а

Актерката Лиса Кудроу проговорила за естетските зафати, особено за ботоксот и ги открила негативните несакани реакции кои ги почувствувала откако го вбризгала. Во разговор за „The Hollywood Reporter“ признала дека очите ѝ се „воспалиле“ откако вбризгала ботокс.

„Мислам дека тоа придонесе за иритацијата на моите очи и оваа чудна линија на моето чело, така што веројатно завршив со тоа“, рекла актерката. Таа започнала да експериментира со ботокс дури по 60-иот роденден, а сега признала дека „плаши“ од стареењето и дека е изненадена што обожавателите и сè уште можат да ја препознаат.


„Се плашам дека еден ден ќе мора да се гледам како изгледам како мојата баба, но возбудена сум што ќе ги играм постарите улоги“, додала ѕвездата на „Пријатели“.

Инаку, Кудроу одлучила дека сака што поприродно да старее, но претходно признала дека на 16 години се подложила на операција на нос која ѝ го „сменила животот“.


„Во моите мисли од одвратна преминав во неодвратна. Го направив тоа летото пред да тргнам во ново средно училиште. Така што имаше многу луѓе кои не знаеја колку грдо изгледав претходно. Тоа беше добра, добра промена“, раскажала Кудроу за „The Saturday Evening Post“.


Славната актерка пред две години објаснила зошто избегнува да оди на поголем број естетски зафати. „Не осудувам никој кој го прави тоа. Многу луѓе изгледаат фантастично, но јас сум исто така преплашена дека ќе изгледам постаро и поинаку ако не закрепне како што треба. Изгледа дека сите освен мене го прават тоа, па треба ли и јас? Дали ми е дозволено да не го направам тоа? Или ќе биде толку одбивно што ќе влијае на доживувањето на луѓето што ме гледаат?“, изјавила таа во поткастот „Armchair Expert“.