[ВИДЕО] Ребека по 12 години тишина, искрено за бракот и музиката: „Ми се додворуваа без срам, иако знаеја дека сум мажена. Никогаш не сакав да се откажам од музика, но...“

Точка

19/03/2026

14:26

1.456

Големина на фонт

а а а

По цели 12 години тишина, македонската пејачка Ребека повторно се појави пред јавноста – искрено, емотивно и без задршка. Нејзиното гостување во емисијата „Нешто конкретно“ кај Снеже Велков отвори тема која со години ја носела тивко во себе.

Зад нејзиното повлекување од сцената не стоела желба за пауза, туку животна борба. За првпат јавно, Ребека откри дека музиката морала да ја стави настрана поради својот син Маркијан, кој се соочува со ретка болест.

✨„Никогаш не сакав да престанам да пеам, но морав. Душата уште ми пее“, искрено сподели таа – реченица која одекна силно и кај публиката.

Во разговорот се наврати и на култната песна „Нешто убаво“, создадена пред 25 години, која денес повторно добива ново значење. Ако некогаш нејзината порака била „Јас сакам, јас можам, јас знам“, денес Ребека додава уште еден клучен столб – вербата.

✨„Јас верувам, јас сакам, јас можам, јас знам... А, денес додадов и ''Јас верувам'', затоа што само вербата ме турка напред. Верувам во Бога“, изјави таа, откривајќи колку духовната сила станала нејзин двигател.

Темата за лични граници отвори и интимни спомени од почетоците на нејзиниот брак со докторот Милан – Мики. Таа откри дека, иако била мажена, често се соочувала со несоодветни додворувања.


✨„Ми се додворуваа без срам, иако знаеја дека сум мажена. Сама ги решавав тие ситуации – на Мики му кажував отпосле, немаше потреба да интервенира“, раскажа Ребека, нагласувајќи дека секогаш знаела како да се постави.

Разговорот допре и до пошироката слика – позицијата на жената во општеството. Со една силна реченица, Ребека ја сумираше реалноста со која многу жени и денес се соочуваат:

✨„Жената мора да зборува два пати – еднаш за да ја гледаат, вторпат за да ја слушнат.“

Иако времињата се менуваат, таа признава дека ова искуство не е минато – туку сè уште присутно.

Кога станува збор за домот и семејството, Ребека не крие дека кај нив владее традиционална поделба на улогите – и дека е горда на тоа.


✨„Мојата одговорност е домот и ручекот. Мики ги носи финансиите. Важно е секој да си го знае местото“, изјави таа.

На крајот, нејзината порака беше јасна и силна – поставувањето граници и способноста аргументирано да се каже „не“ се основа за здрави односи.

„Многу објаснувам и немам проблем со тоа“, заклучи Ребека – жена која, и по години тишина, повторно зборува гласно, јасно и од срце.