[ФОТО] „Је*ем ти живот, иста си како кога бев заљубен многу во тебе“: Актерката Куновска откри како се простил Кили од неа

Точка

19/03/2026

11:43

1.204

Големина на фонт

а а а

Колегите и пријателите, не престануваат да се простуваат од големиот актер Кирил Поп Христов којшто почина на 11 март на 58-годишна возраст во Еквадор.

Тој остави голема трага на македонската сцена, работеше во Македонски народен театар и ги сними едни од култните македонски филмови заедно со еминентна македонска актерска екипа.


Кирил во 2014 година се пресели во Еквадор, заедно со семејството, сопругата Гордана Деан Поп Христова и ќерката Јоана. Сепак, Кили како своја ќерка ја сакаше и актерката Нина Деан, ќерката на Гордана од првиот брак.

Актерката Софија Куновска, со својата објава со која се прости од актерот, само потсети колку беше оригинален во сѐ она што го прави.

Една недела пред да почине Кили, Куновска ја сменила профилната фотографија на социјалната мрежа Фејсбук, а колегата актер ѝ коментирал:

„Је*ем ти живот, иста си потпуно као кога бев заљубен многу у тебе“.


Софија важи за една од нашите најубави актерки, а во прошталната објава на Фејсбук напиша:

✨„Не можеше да се поздравиш со мене на поубав начин од тој што го избра да се поздравиш пред неколку дена... Патувај со ангелите, драг Кили, и таму отсвири ја и отпеј ја најубавата песна“.