Алкалоид го постигна најголемиот успех во својата кратка историја. Тимот предводен од Кирил Лазаров избори пласман во финалето на ЕФХ купот. По два драматични натпревари, Алкалоид на пенали го елиминира Рунар Сандефјорд.
Тренерот Кирил Лазаров е задоволен од посигнатото и внимателен пред претстојните уште поголеми предизвици.
„Горд сум на тимот за тоа како ги одигра овие два натпревари со сериозно квалитетен противник. Во отсуство на нашите носители на играта покажавме дека колективот, доколку дејствува тимски може да покрие многу недостатоци и да направи успех.
Со оглед на ситуацијата, нѐ очекува пеколна завршница на сезоната. Ќе внимаваме на сѐ за на важните натпревари бидеме на потребното ниво.
Пласманот во финалето на Алкалоид е голем успех за клубот, но и за целиот македонски ракомет. Очекуваме поддршка во финалето од љубителите на ракометот во Македонија, ќе ни биде многу потребна“, изјави Лазаров за клупската интернет страница.
Во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, РК Алкалоид ќе игра со грчкиот претставник АЕК Атина. Првата средба ќе се игра на 17/18 мај, реваншот е на 24/25 мај. Кој ќе ја има предноста реваншот да го игра на домашен терен ќе биде одредено со ждрепка.