Кошаркарите на Цибона остварија победа над Вриједноснице Осиек со дури 110 поени разлика во хрватското првенство. Конечниот резултат е 148:38.
Иако Цибона е аутсајдер, не е ниту меѓу првите три екипи во хрватското првенство, туку е на четвртото место со скор 18-13, а тимот од Осиек е на последното место со скор 7-24, резултатот е за рубриката „верувале или не“.
Јасно беше дека Цибона ќе победи, но не со толкава разлика. Интересно е што ова беше трет дуел меѓу овие екипи оваа сезона, а во претходните два, победи Цибона, со 22 разлика во обете средби (84:72, 73:63).
Поради ова, јасно е дека се случило нешто непредвидено.
Незадоволен од последните резултати, Александар Хркач, првиот човек и финансиер на КК Вриједносница Осиек, единствениот славонски член на Премиер лигата, го отпушти целиот тим и тренерот пред околу две недели.
Клубот до крајот на сезоната ќе игра со играчи од кадетскиот и јуниорскиот тим.
Интересно е што во првите три четвртини гостите од Осиек беа едноцифрени, со пет, девет и четири поени. Дури во четвртата четвртина постигнаа повеќе поени (33:5, 39:9, 41:4, 35:20).
Кај Цибона, 40 поени постигна Перасовиќ, а трипл-дабл забележа Шкориќ (27 поени, 13 скока и 10 асистенции).