[ФОТО] Светот занеме кога внуката на принцезата Дајана вчера се појави во ваков фустан: Вистинско ремек-дело од 17-от век

Точка

25/03/2026

11:28

932

Големина на фонт

а а а

Владетелското семејство на Монако вчеравечер го организираше традиционалниот Бал на розите, каде меѓу гостите се појави и внуката на принцезата Дајана, Кити Спенсер. Нејзиниот изглед се издвои како еден од најоригиналните на гламурозниот настан.

Внуката на принцезата Дајана носеше фустан од престижната италијанска модна куќа „Dolce & Gabbana“. Станува збор за модел од колекцијата за 2019 година, а оригиналната креација е украсена со реплика на уметничка слика од 17-от век.


Фустанот на социјалните мрежи со право го нарекуваат ремек-дело, а детаљот инспириран од уметност стара со векови повторно ги воодушеви љубителите на модата – по вторпат, по неговото прво претставување пред седум години од страна на „Dolce & Gabbana“.

Добро осмислените креации се посилни од времето и не ја губат својата актуелност, додека уметничките дела и онака се безвременски. Кити Спенсер без двоумење носи „стари“ фустани на свечени настани, со што уште еднаш го потврдува својот префинет моден вкус.


Модна икона со контроверзен брак

Внуката на принцезата Дајана, која има две помлади сестри, важи за вистинска модна икона. Таа соработувала со бројни модни и козметички брендови како „Estee Lauder“, „Bulgari“, „Dolce & Gabbana“, „Ralph Lauren“ и многу други.

Таа е во брак со Мајкл Луис, кој е пет години постар од нејзиниот татко, грофот Чарлс Спенсер (67), па поради тоа нивниот однос често се смета за контроверзен, иако разликата во години не е пречка за љубов. Парот ја доби ќерката Атина, а Кити ретко се појавува во јавноста по породувањето. Луис од претходниот брак има три деца.


Кога Кити Спенсер ја започна врската со Луис во 2018 година, малкумина во Лондон веруваа дека таа ќе опстане. Се коментираше дека може да избере партнер по свој вкус, а многумина не го гледаа бизнисменот како идеален избор поради неговиот неуспешен брак. Сепак, нивната врска опстана.

Како глобална амбасадорка на „Dolce & Gabbana“ и личност која се занимава со текстилна индустрија, Кити и Луис беа видени неколкупати заедно во 2019 година, а една година подоцна се верија. Се венчаа во 2021 година во Рим, додека нејзиниот татко не присуствуваше на свадбата.


Внуката на принцезата Дајана блесна во венчаница од „Dolce & Gabbana“. Во чипкана креација во викторијански стил потсети на венчаницата на Грејс Кели, од нејзината венчавка со кнезот.