Гигс со една жестока забелешка за Рашфорд: Фановите ќе простат нереализирана шанса, но не простуваат…

Дерби

25/04/2025

11:58

679

Големина на фонт

а а а

Рајан Гигс седна на маса со Рио Фердинанд и одработи пријатен разговор со својот поранешен соиграч од славните денови во Манчестер Јунајтед, а како голема легенда која испиша историја на „Олд Трафорд“, славното крило си даде за право да испорача и еден жесток заклучок за Маркус Рашфорд.

По неговите добри изданија во дресот на Астон Вила, голем број аналитичари го советуваат Јунајтед да го задржи Рашфорд и покрај караницата со Рубен Аморим, но Гигс во овој случај е на страна на менаџерот и смета дека Маркус веќе не треба да се враќа на театарот на соништата.

– Дали треба Рашфорд да се врати? Едноставно НЕ, не изгледаше среќно додека играше за Јунајтед. Сега изгледа доста посреќно и позадоволно во Астон Вила и затоа не би го вратил назад. Јас бев дел од стручниот штаб кој му даде шанса како младинец и затоа ми е жал што вака се разви ситуацијата, – вели Гигс, кој најголеми забелешки за Рашфорд има околу неговото недоволно залагање и жртвување на теренот

– Без разлика на која позиција си на теренот, мора да спринташ и да се враќаш да помогнеш во одбрана. Гледајќи од страна, тоа што го правеше не изгледаше воопшто добро, особено кога на тимот не му одеше како што треба. Фановите ќе ви простат за нереализирана шанса, но нема да ви простат ако не работите доволно, едноставно не го простуваат тоа. Ако можам да му испратам совет, би му кажал да работи повеќе. Сите фудбалери можат да спринтаат и да се враќаат назад, секој може и мора да го прави тоа за својот тим, – завршува Рајан.