Остануваат само уште пет натпревари до крајот на оваа сезона во Лигата на шампионите, а она што е јасно дека Европа ќе добие нов првак, нов крал, наследник на Реал Мадрид кој беше елиминиран во четвртфиналната рунда.
Арсенал и Пари Сен Жермен се на едната страна, Барселона и Интер се на другата, па дефинитивно ќе биде интересно кој ќе дојде до „Алијанц Арена“ и Минхен.
Гери Невил како поранешен фудбалер и сегашен стручен аналитичар со внимание ги следи овие настани и тој откри за кого ќе навива, односно својот фаворит за врвот.
- Воопшто не би ми пречело да го видам Арсенал како го освојува. Би сакал тие да го освојат. Навистина сакам Арсенал да го освои за Артета. Мислам дека е таму пет години, му треба тој голем трофеј. Му треба трофеј, - рече Невил, став со кој не се согласува Џејми Карагер.
- Не можам да кажам дека би сакал да го видам Арсенал како победува, бидејќи едноставно би лажел. Не сакам да гледам други англиски тимови како победуваат на големи европски натпреварувања. Ако ПСЖ го освои, тоа е речиси добро за играта, бидејќи ги имаа Меси, Нејмар и Мбапе и се откажаа од тоа. Не млади деца, туку млади, енергични, врвни играчи. Повеќе тим. Ако си Мбапе, заминуваш за да одиш во Реал Мадрид и тие се насекаде, - порача Џејми.