[ВИДЕО] Ова е досега најјасната снимка од кинескиот „невидлив“ борбен авион со необичен дизајн

Точка

24/04/2025

20:03

1.393

Големина на фонт

а а а

Секоја нова снимка од најсовремените кинески борбени авиони изгледа се појасна, а со тоа се откриваат и сè повеќе детали за овие летала.

Кинеските борбени авиони од новата генерација, неофицијално познати како "J-36" и "J-XDS/J-50", напредуваат низ фазите на тестирање, а најновото видео од "J-36" нуди значаен увид во еволуцијата на неговиот дизајн.

Појасен поглед на уникатниот распоред на мотори кај "J-36"

Снимката и фотографиите, за кои се тврди дека се направени во кинескиот град Ченгду – седиштето на производителот "Chengdu Aircraft Corporation" – откриваат досега најдетален поглед од страна и одзади на "J-36". Видливо се три различни издувни отвори, конфигурација која е мошне невообичаена за модерните ловци.

Според порталот "The War Zone", издувните отвори потсетуваат на поранешниот американски прототип "Northrop Grumman YF-23", кој исто така имал нетрадиционален распоред на издувни и вовлекувачки системи.

Конфигурацијата на кокпитот останува нејасна

Истата снимка повторно ја отвори дебатата околу распоредот во кабината на пилотот. Иако долго се шпекулираше дека авионот би можел да има дизајн со две седишта едно до друго, моменталните снимки тоа не го потврдуваат. Истакнатиот аналитичар за кинеско воено воздухопловство, Андреас Рупрехт, објави на платформата "X" дека можно е да има „два различни "head-up" дисплеи“ во кокпитот – но тоа сè уште чека официјална потврда.

Едно „незгодно“ прашање

Покрај "J-36", и моделот "J-XDS/J-50" поминува низ тестни летови. Визуелни материјали од двата авиона сè повеќе се појавуваат на социјалните мрежи, дел од нив дигитално подобрени со помош на "AI" алатки за појаснување на структурни карактеристики. "The War Zone" нагласува дека нема конкретни докази дека сликите се лажирани, но таа можност не може целосно да се отфрли.

Честите сведоштва за тестирања на овие напредни авиони се само еден дел од пошироките и тајни воени и вселенски програми на Кина. И додека јавноста се фокусира на видливите моменти, голем дел од вистинските развојни активности на кинеското воено воздухопловство најверојатно остануваат далеку од очите на јавноста.