Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.
ЕВН го издржа притисокот и славеше над Тиквеш
ЕВН 5-2(3-1) Тиквеш
ЕВН: Томи Илиевски 4’ Ајет Новобрдалија 11’ Наум Бадаловски 6’ 37’ Ѓорѓи Поповски 36’
Тиквеш: Деко Марков 28’ Лазар Христов 10’
Одличен почеток на екипата на ЕВН во дуелот со Тиквеш, тие од самиот старт со силен притисок успеаа да дојдат рано водство од 2-0 со погодоците на Илиевски и Новобрдалија. Екипата на Тиквеш по оваа негатива успеа да ги консолидира своите редови и со одличен погодок успеаа да намалат на 2-1 во 10та минута. Како одминуваше времето екипата на Тиквеш вршеше се поголем притисок но ваквата отворена игра ја искористи за преку контра напад да дојде до зголемување на водството на 3-1 резултат со кој се замина на паузата. Екипата на Тиквеш во второто полувреме продолжи со одлична игра и се закануваше кон голот на ЕВН, а со одличен погодок на Марков во 28та минута успеаа да дојдат на само еден гол негатива 3-2 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница ЕВН не дозволи противникот да направи целосен пресврт и со два погодоци во низа направи предност од 5-2 која им ја осигура победата во овој дуел.
Реџа ја водеше екипата на Транском до победа над LC Waikiki
Транском 6-5(2-2) LC Waikiki
Транском: Фисник Реџа 11’ 25’ 28’ 33’ 34’ Жан Мановски 10’
LC Waikiki: Енгин Алими 7’ Мустафа Мустафа 40’ Адмир Халиловиќ 19’ 40’ Есер Сулејмани 34’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Транском и LC Waikiki, двете екипи силно мотивирани влегоа во овој натпревар. Екипата на LC Waikiki прва го отвори резултатот во 7та минута со погодокот на Алими, екипата на Транском имаше брз одговор па преку Маковски и Реџа успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 2-1. До крајот на полувремето екипата на LC Waikiki успеа со офанзивна игра да дојде до отворена шанса за погодок која ја изкористи за резултат од 2-2 на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со израмнета игра екипите на двете страни се закануваа кон противничкиот гол, екипата на Транском во 25та минута со погодкот на Реџа успеа да дојде до повторно водство. Екипата на LC Waikiki со цел да дојде до поволна позиција за погодок продолжи со офанзивна игра што Транском го искористи за преку брз контра напад го зголеми водството на 4-2. До крајот на натпреварот екипата на LC Waikiki ја намалуваше разликата но не успеа да направи целосен резултатски пресврт па на крајот Транском славеше со 6-5.
Во дерби натпревар Леар славеше над Макстил
Леар 4-2(2-1) Макстил
Леар: Тоше Зафировски 21’ 39’ Робертино Златевски 2’ 18’
Макстил: Бобан Бојковски 22’ Мухамед Исмаили 18’
Одличен почеток на екипата на Леар во дуелот со Макстил, тие уште во раната фаза од полувремето успеаа да поведат со 1-0 со погодокот на Златевски во 2та минута. По оваа негатива екипата на Макстил започна со силен притисок кон голот на противникот и се почесто доаѓаше до изгледни шанси за гол. Двете екипи на теренот прикажаа одлична игра, екипата на Леар успеа да искористи грешка во одбраната на Макстил и да поведе со 2-0, Макстил имаше брз одговор и успеа во 18та минута од полувремето да намали на 2-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со цврста игра на раб на фаул, двете екипи беа силно мотивирани и често доаѓаа до одлични шанси за погодок. Екипата на Леар успеа да искористи шанса во 21та минута со погодокот на Зафировски и дојде до предност од 3-1, Макстил имаше брз одговор и само минута подоцна успеа да намали на еден гол негатива. Како одминуваше времето темпото на игра се зголемуваше и завршницата на овој дерби натпревар стана вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Леар успеа да ја сочува предноста и на крајот од овој дуел да слави со 4-2.