Повеќе од 100 државјани на Босна и Херцеговина и понатаму се наоѓаат во бегалските камповите во Сирија

Точка

22/04/2025

15:13

1.038

Големина на фонт

а а а

Шест години по поразот на терористичката група Исламска држава (ИСИЛ) во Сирија, повеќе од 100 граѓани на БиХ кои директно или преку членови на семејствата биле поврзани со исламистички групи сè уште живеат во таа земја и никој не знае кога и како овие лица ќе се вратат во нивната земја на потекло.

Поточно 118 граѓани на БиХ сè уште престојуваат во бегалските кампови во Сирија, а според податоците на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, кои денеска ги објавија „Независне новине“, 52 од нив се полнолетни, односно 22 мажи и 30 жени, заедно со 66 малолетници, односно нивните деца.


Тие се сместени во бегалските кампови Ал Хол и Рој или во посебни притворски единици на северот од Сирија.

Повеќе од 8.500 странци од најмалку 60 различни земји

Според процените на Обединетите нации, по падот на Исламската држава во Сирија и Ирак, таму се наоѓале повеќе од 8.500 странци од најмалку 60 различни земји.


Обединетите нации ги повикаа овие земји да овозможат репатријација на нивните граѓани, а оваа обврска ја презеде и БиХ, но последната група такви лица ја презела уште во декември 2019 година, кога од Сирија се вратиле 25 лица, поточно седум мажи, шест жени и 12 деца.

Сите мажи кои се вратиле биле предадени на Обвинителството на БиХ под сомнение дека се бореле во редовите на исламистички терористички групи.

Досега се осудени вкупно 34 лица

Според базата на податоци која ја креирала Балканската истражувачка мрежа (БИРН), судовите во Босна и Херцеговина досега осудиле вкупно 34 лица за тероризам поврзан со Сирија, со казни кои се движат од четири до осум години затвор.


Министерството за безбедност на БиХ не знае кога во земјата ќе се вратат нејзините државјани кои сè уште се во Сирија и посочуваат дека процесот на репатријација е комплициран и бара учество и на домашни и на меѓународни институции и организации.

„Советот на министри на БиХ ги усвои планот за репатријација и програмата за реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на граѓаните на БиХ кои се враќаат од конфликтните зони во Сирија и Ирак, со цел да се обезбедат неопходните услови за безбедно, хумано и контролирано враќање на граѓаните на БиХ… Засега немаме сигурни информации кога тоа ќе се случи“, стои во соопштението на Министерството.