Аксиос објави – Што сè им ветил Трамп на Путин и Зеленски во замена за мир

Точка

23/04/2025

20:33

1.552

Големина на фонт

а а а

Соединетите Американски Држави изготвиле мировна рамка која вклучува американско признавање на Крим како дел од Русија и неформално признавање на руската контрола врз речиси сите територии окупирани од инвазијата во 2022 година, изјавија за Аксиос извори запознаени со предлогот.

Во документот на една страница што Американците им го предале на украинските власти во Париз минатата недела се наведува дека тоа е „конечна понуда“ од претседателот Трамп. Белата куќа соопшти дека е подготвена да се повлече од преговорите доколку страните наскоро не постигнат договор.

Големи отстапки од Украинците

Предлогот на Трамп ќе бара големи отстапки од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој претходно го отфрлил прифаќањето на руската окупација на Крим и делови од четири источни украински региони. Иако рускиот претседател Владимир Путин, наводно, понудил замрзнување на сегашните линии на фронтот како дел од можниот договор, тој претходно отфрлил други елементи од американската рамка, како што е европските мировни сили на украинска територија.


Извор близок до украинската влада рекол дека Киев го смета предлогот за крајно пристрасен во корист на Русија. „Предлогот многу јасно кажува што конкретно добива Русија, додека она што го добива Украина е опишано нејасно и општо“, рекол тој.

Што би добиле Русите, а што Украинците?

Според предлогот на Трамп, Русија ќе го добие следново:

„Де јуре“ американско признавање на руската контрола врз Крим

„Де факто“ признавање на руската окупација на речиси целиот регион Луганск и делови од регионите Доњецк, Херсон и Запорожје

Ветувањето дека Украина нема да стане членка на НАТО (но може да се приклучи на Европската унија)

Укинување на санкциите воведени од 2014 година

Зголемена економска соработка со САД, особено во енергетиката и индустријата.


Според предлогот на Трамп, Украина ќе го добие следново:

„Силна безбедносна гаранција“ која вклучува ад хок група на европски и потенцијално други држави, но без јасен опис за тоа како оваа мировна операција би функционирала без американско учество

Враќање на мал дел од регионот Харков под руска окупација

Непречен премин по реката Днепар

Надомест и помош за реконструкција, без наведени извори на финансирање.

Американско управување со нуклеарната електрана Запорожје

Дополнителните елементи на планот вклучуваат предлог нуклеарната централа Запорожје формално да остане украинска, но да биде управувана од САД, при што електричната енергија ќе оди и во Украина и во Русија. 


Планот беше направен откако специјалниот пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, разговарал со Путин повеќе од четири часа минатата недела. По презентирањето на планот, Путин понудил да се замрзне инвазијата долж сегашната линија на фронтот, што е досега најсилниот сигнал за подготвеност за компромис, но европските претставници и понатаму се скептични.