Силен земјотрес со јачина од 5,9 по Рихтер денес погоди регион во Истанбул во Турција, пренесува Европско-медитеранскиот сеизмолошки завод.
Како се наведува, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12 километри, во Мраморното Море, западно од Босфор.
Според прелиминарните извештаи, во Истанбул се треселе згради, пренесува Ројтерс.
Иако првичната информација беше дека ударот бил од 5,9 степени по Рихтер, се појавила нова информација дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала, се тресела и Грција со 3,9 степени по Рихтер, станува збор за серија земјотреси.
Светот за кратко време го обиколија видеа од моментот кога избил земјотресот.
6.2 Earthquake in Istanbul, Turkey pic.twitter.com/2KddiqYtBU
— Disasters Daily (@DisastersAndI) April 23, 2025
Да потсетиме, Турција во 2023 година ја погоди силен земјотрес со јачина 7,8 по Рихтер, а еден час подоцна следел нов удар од јачина 6,7. Земјотресот предизвикал големи уништувања во соседна Сирија, каде најмногу бил погоден градот Ал Баб.
Тресењето на земјата се осетило и во другите делови на Турција, Грузија, Ерменија, Кипар.
Moment of 6.2 magnitude earthquake in Istanbul captured on security camera footage pic.twitter.com/vLfFrF6dge
— Türkiye Today (@turkiyetodaycom) April 23, 2025
Освен изгубени човечки животи, земјите претрпеле и огромна материјална штета.
Разорени се инфраструктури, археолошки локалитети, додека многу тврдини и џамии се речиси уништени.
Стотици илјади домови во Турција останаа без дом тогаш, соопштиле од Меѓународниот комитет на Црвениот крст.