Путин е отворен за билатерални разговори: Дали Трамп конечно успеа? Утрешните преговори во Лондон кои би можеле да ја решат судбината на Украина

Точка

22/04/2025

23:17

247

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин на државната телевизија изјави дека е отворен за билатерални разговори со Украина.

„Киев пост“ наведува дека ова е целосен пресврт на претходната позиција на шефот на Кремљ, дека нема директно да преговара со „киевскиот режим“ се додека таму е на власт украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Последните директни преговори меѓу Москва и Киев се одржаа во февруари 2022 година, веднаш по почетокот на руската инвазија на Украина.


– Секогаш сме зборувале дека имаме позитивен став кон мировните иницијативи. Се надеваме дека претставниците на режимот во Киев ќе размислуваат на ист начин – изјави Путин во интервјуто со новинарот Павел Зарубин. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, подоцна ги потврди зборовите на рускиот претседател пред новинарите.

„Кога (Путин) рече дека е можно да се разговара за ненапаѓање на цивилни цели, вклучително и билатерално, претседателот мислеше на преговори и разговори со украинската страна“, рече портпаролот на Кремљ.


Украинските медиуми јавуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп, кој за време на неговата изборна кампања минатата година вети дека ќе ја заврши војната во Украина за „24 часа“, станува сè пофрустриран што задачата се покажа како многу потешка отколку што на почетокот изгледаше.

Поради ова го зголеми притисокот врз двете страни да постигнат каков било договор.


На 12 април, Трамп им рече на новинарите во Air Force One дека во одреден момент Москва и Киев мора да „прифатат или да замолчат“.

Бидејќи Велигденскиот прекин на огнот предложен од Москва не даде резултати, бидејќи двете страни се обвинуваа меѓусебно за негово прекршување, Зеленски вчера предложи 30-дневен прекин на огнот, на што Кремљ сè уште официјално не одговори.


По тој повод, Зеленски најави и дека украинска делегација во среда ќе престојува во Лондон на преговори за прекин на огнот.

„Украина, Обединетото Кралство, Франција и Соединетите Држави – подготвени сме да продолжиме напред на најконструктивен можен начин“, рече Зеленски во објавата на социјалните мрежи.