[ФОТО] Гром удрил во "Ford Edge" среде возење: Погледнете што сè настрадало

Точка

09/04/2025

22:16

7.264

Големина на фонт

а а а

Минатата недела едно семејство од Илиноис (САД) имаше блиска средба со моќната сила на природата – гром директно удрил во нивниот "Ford Edge", и тоа додека се возеле.

Според извештајот на шерифската канцеларија на округот Вилијамсон, ударот произвел „гласен звук сличен на истрел“ и ја исполнил внатрешноста на возилото со чад.

Иако автомобилите генерално се сметаат за релативно безбедно место за време на грмотевици, благодарение на металната конструкција која делува како Фарадеев кафез, овој инцидент покажува дека директен удар на гром може сериозно да го оштети возилото.

По доаѓањето на полицијата, било утврдено дека задниот браник делумно отпаднал, а долната обвивка се откачила, откривајќи електрични жици. Прецизна „изгореница“ на местото каде што обично се наоѓа антената на SUV возилото укажувала на самото место на ударот. Електричниот систем бил целосно уништен, па возилото морало да биде влечено, пренесува порталот "Drive".

Lightning Strikes Moving Vehicle Occupied By Family


Williamson County, Illinois - On April 5, 2025, at 1742 hours,...

Posted by Williamson County Sheriffs Office on Saturday 5 April 2025


Среќна околност е што ниту еден од тројцата патници не бил повреден, и избегнати се потенцијално поопасни сценарија како кршење на стаклата или пожар. Овој настан е потсетник дека иако внатрешноста на автомобилот е најбезбедното место за време на грмотевица, самото возило и понатаму може да претрпи сериозна материјална штета.

Исто така е важно да се нагласи дека, спротивно на некои верувања, автомобилите со мотори на внатрешно согорување не се ништо побезбедни од електричните возила во вакви ситуации – физичките закони важат подеднакво за двата типа.