[ФОТО] Саинц го заокружи катастрофалниот викенд во Јапонија со казна од ФИА

Точка

06/04/2025

13:52

988

Големина на фонт

а а а

Карлос Саинц нема по добро да ги памети првите три тркачки викенди во новата сезона, а особено не овој во Јапонија кој заврши со главната трка рано утрово на Сузука.

Шпанскиот возач има далеку поинакви цели и амбиции во сезоната во која ги брани боите на Вилијамс, па иако денеска на трката изведе и неколку престигнувања, сепак Карлос остана далеку од првата десетка.

Саинц заврши на 14-то место и „заглави“ во метежот поради лошата стартна позиција која ја имаше, но катастрофалниот викенд во Јапонија му донесе и неповолна вест по неговиот „џеб“, бидејќи ФИА реши да му изрече казна неколку часа по возбудувањата.

Карлос заработи казна од три места на саботните квалификации поради некоректен потег во ситуација кога беше пред Луис Хамилтон, додека денеска доби казна од највисоката инстанца во мото-спортот.

ФИА му изрече казна од 20 илјади евра на Саинц поради тоа што задоцнил на традиционалното интонирање на химната пред стартот на трката, потег кој од водечките луѓе е оценет како јасно непочитување кон организаторот и земјата домаќин на гран-при викендот.

Од изречените 20 илјади евра, Саинц 10 ќе мора да исплати веднаш, а 10 се условни и нема да смее да повтори нешто слично во наредните 12 месеци.