Тонали во Јувентус? Може за 75 милиони евра

Макфакс

04/04/2025

10:57

1.122

Големина на фонт

а а а

Сандро Тонали е на врвот на приоритетите на Јувентус за летниот преоден рок, но Њукасл нема намера да го продаде за помалку од 75 милиони евра, пренесува „Газета дело Спорт“.

Тонали покажа класа оваа сезона, одигра 36 натпревари, со четири гола и две асистенции, тој е еден од најважните играчи во тимот на Еди Хау. Њукасл неодамна го освои Лига купот на Англија.

Според италијанскиот медиум Еди Хау нема намера да го продаде Тонали бидејќи е под договор до јуни 2028 година.

Сепак, Јувентус сака да го реновира составот, ќе ослободи значителни средства доколку го продаде Душан Влаховиќ.

Њукасл го купи Тонали од Милан во јули 2023 година, но речиси во целост ја пропушти дебитанската сезона, бидејќи играчот беше суспендиран поради нелегално обложување на фудбалски натпревари. Тонали одигра 12 натпревари пред да биде суспендиран на 10 месеци во средината на октомври.