Меси со два гола го одведе Интер Мајами до полуфинале во КОНКАКАФ Купот

Дерби

10/04/2025

15:10

1.387

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами преводен од најголемата ѕвезда Лионел Меси успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на КОНКАКАФ шампионскиот купот откако рано утрово го совлада составот на Лос Анџелес со 3-1.

Клубот од Флорида беше поразен со 1-0 на првото соочување, но во реваншот ја избриша негативата и со триумф дојде во наредната фаза каде ќе ги одмери силите со уште еден ривал од МЛС лигата, Ванкувер.

Играч на натпреварот беше Меси кој даде два гола во 35 и 84 минута, забележа асистенција, а еден гол и уште една асистенција му беа поништени со ВАР.

Инаку интересно е тоа што гостите поведоа на овој меч, но продолжението им припадна на домашните фудбалери кои донесоа радост на навивачите на преполниот стадион.