Манчестер Јунајтед е катастрофален во ова сезона во Премиер лигата, а не направи значаен резултати ниту во ФА, ниту во лига Купот, па единствената шанса за да се спаси оваа натпреварувачката 2024/2025 е Лига Европа.
Премиерлигашот е во четвртфиналето каде за ривал го има Олимпик Лион, пресметка во која дефинитивно е благ фаворит за место во наредната фаза.
Јунајтед сака да ја мине и оваа рунда и да биде чекор поблиску до трофејот кој дефинитивно го посакуваат на „Олд Трафорд“.
- Тоа е навистина важно од сите аспекти. Првата е да се освои титула, европска титула. Ќе биде убаво за нашата самодоверба. Потоа да се игра во Лигата на шампионите во нашиот клуб е сосема поинаку; околината, начинот на кој ќе се соочиме со летото, буџетот за летото, се е поврзано со ова натпреварување.
- Го знаеме тој притисок, но повторно, тоа не е најголемиот проблем во Јунајтед. Имаме и други сили за да го постигнеме ова на вистински начин без Лигата на шампионите следната година, - истакна тренерот Рубен Аморим.