Барселона беше сигурна и со убедлива победа од 4-0 го реши првото соочување со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, победа која широко им го отвара патот до полуфиналето на елитното натпреварување.
И овојпат во фокусот беше напаѓачката тројка на каталонците Рафиња, Роберт Левандовски и Ламин Јамал, сите тројца се запишаа во листата на стрелците со тоа што Полјакот беше автор на два погодоци.
Тројцата имаат импресивни бројки во оваа сезона, но според легендата на англискиот фудбал Стив Мекманаман еден друг играч е тој што е број еден во Барселона-тоа е Педри.
- Зборуваме за напаѓачката тројка на Барселона, ама Педри е најдобриот играч што го имаат. Тој е прекрасен играч. Тој беше детска суперѕвезда и потоа ја доби таа навистина лоша повреда што малку го уназади. Ама сега се врати, - порача Стив за „ТНТ Спортс“.