[ВИДЕО] СДСМ бара одговорност од Тошковски поради Кочани

Макфакс

30/03/2025

12:45

841

Големина на фонт

а а а

Тешката трагедија во Кочани што ја потресе целата држава и во кој трагично го загубија животот 59 млади луѓе, а над 200 беа повредени – ѓи разоткри пропустите во институциите но и колапсот на безбедносниот систем. Затоа е потребна одговорност особено во врвот на МВР и БЈБ. Ова го истакна Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

„Нешто не е во ред со безбедноста во државата, а за тоа се молчи. Мора да има одговорност согласно законите, но и морална одговорност. После катастрофалната трагедија во Кочани, продолжија серија на безбедносни инциденти. И тоа : пукања со огнено оружје, убиства, сообраќајќи, прегазени луѓе на улиците, се нашето секојдневие. Пред само неколку дена вработена во прилепскиот Центар за социјални работи беше ранета откако во неа беше пукано со огнено оружје.Исто така се пукаше и во с.Моране, каде што беше повредено едно лице. Дополнително, над 20 сообраќајќи со повредени и прегазени се случија по улиците на нашите градoви. Во Скопје, беа прегазени жена и дете“, рече Илиевски.

Додаде дека сообраќајни несреќи со повредени имаше и во Битола, каде исто така беше прегазена жена, а во Кавадарци беа повредени 4 лица, но и во Штип, Тетово, Гостивар, Македонска Каменица, Скопје.

„СДСМ бара: оставки и одговорност од раководството на МВР на чело во Панче Тошковски“, порача тој.