Иако многумина веруваат дека пораснала во луксуз како принцеза, нејзиниот живот не бил секогаш таков.
Парис Хилтон, наследничка на империјата Hilton и ријалити ѕвезда, долго време важеше за разгалена и нескротлива ѕвезда чиј живот бил „постела од рози“. Сепак, откако проговори за една сериозна тема поврзана со грижата за малолетниците, таа ја искористи својата популарност за да влијае врз важни општествени прашања.
Во 2021 година, Хилтон одржа говор во Вашингтон во рамките на кампања за измена на законите што ги регулираат установите за згрижување на млади. Таа зборуваше за сопственото искуство во документарниот филм за нејзиниот живот, објавен една година претходно.
Хилтон активно се залага за реформи во домовите за проблематични тинејџери. На настан во Вашингтон, заедно со активисти, 40-годишната Хилтон говореше за нов предлог-закон во Конгресот.
За време на состанокот во зградата на Capitol Hill, таа ги сподели и своите лични трауми. Се присети на моментот кога мислела дека е киднапирана – среде ноќ, двајца мажи влегле во нејзината соба и ја однеле на другиот крај на земјата. Таму била психички малтретирана, принудена да зема лекови и често држена во самица како дел од програмата за „промена на нејзиното однесување“.
„Веќе две децении немам мирен сон поради она што го претрпев. Би сакала да можам да кажам дека моето искуство е ретко и единствено, но за жал, тоа не е случај. Секој ден во Америка, децата во овие институции се изложени на психичко, емоционално и сексуално малтретирање. Некои од нив дури и умираат од рацете на оние што треба да ги заштитат“, изјави тогаш Хилтон.
Таа особено ја истакна трагичната смрт на 16-годишниот Корнелиус Фредерик, кој во 2020 година почина во воспитен дом во Мичиген.