Овен Купер ги импресионираше гледачите ширум светот со неговата моќна изведба како Џејми Милер во популарната серија на Нетфликс „Адолесценција“ (Adolescence).
Глумејќи рамо под рамо со Стивен Греам, Ешли Волтерс, Ерин Доерти и Феј Марсеј, Овен е талентиран млад актер со повеќе актерски проекти кои моментално се во фаза на подготовка.
Додека серијата продолжува да ја освојува публиката, многумина сакаат да дознаат повеќе за овој тинејџер, чија кариера вртоглаво расте.
Кој е Овен Купер?
Интересен е фактот што Овен неодамна го прославил својот 15-ти роденден, а имал 13 години кога го снимал споменатото остварување.
Креаторот на серијата Стивен Греам го пофалил неверојатниот талент на Овен.
„Немаше искуство. Имаше 13 години кога ја снимаше серијата, а сега има 15“, рекол тој и додал:
„Едноставно се истакна. Ја имаше оваа единствена способност, многу слична на она што го видов кај Џоди Комер.“
Во серијата „Adolescence“, која ги истражува темите на адолесценцијата, насилството и социјалните мрежи, Купер мораше да прикаже широк спектар на емоции – од наивна детска невиност до длабока внатрешна борба. Критичарите ја нарекоа неговата изведба „извонредна“ и „зрела за неговите години“, а некои веќе го споредуваат со младите актери кои се прославија во хит сериите како „Stranger Things“.
Како Овен Купер ја доби улогата на Џејми Милер?
Овен Купер, роден во 2011 година во Лондон, првпат се сретнал со глумата во локални театарски групи, но немал претходно професионално искуство на екранот. За оваа серија режисерот Дејвид Мекензи барал автентична и емотивна изведба. Купер веднаш го импресионирал продуцентскиот тим со неговата природна способност да пренесува сложени емоции, што му ја обезбеди главната улога меѓу стотиците кандидати.
Овен Купер денес живее во Ворингтон, Англија и, според негово признание, никогаш порано не размислувал за актерството.
„Никогаш всушност не сум сакал да бидам актер. Тоа едноставно не беше во мојата ДНК“.
Нови проекти
Младиот актер Овен Купер е на почетокот на својата кариера и досега има само неколку проекти, вклучително серијата „Adolescence“ и претстојните филмови „Film Club“ и „Wuthering Heights“.
И двата филма моментално се во продукција, а премиерата на „Wuthering Heights е закажана за 2026 година. Овен ќе глуми во овој филм заедно со Џејкоб Елорди и Маргот Роби во филмската адаптација на романот на Емили Бронте.
Семејството Овен Купер
Овен има двајца браќа, Оли, кој има 20 години, и Конор, кој има 30 години, а со кои е многу близок.
„Двајцата мои браќа се електричари, а мајка ми негувателка. Тато работи во ИТ секторот. Затоа, немам поим од каде ми доаѓа ова“, бил искрен Овен, говорејќи неодамна за локалните медиуми, откако серијата на Нетфликс доживеа глобален раст.
Заплет на серијата
Новата криминална драма на Нетфликс „Adolescence“ ги освои гледачите ширум светот. Критичарите ја фалат, а гледачите беа воодушевени од една впечатлива сцена, за која беше откриено дека е создадена сосема спонтано. Заплетот го следи 13-годишното момче Џејми Милер (Овен Купер), кој е уапсен за убиство на тинејџерка од неговото училиште.