Флик незадоволен: Не сум среќен, овде не се работи за Барселона и Реал…

Дерби

26/03/2025

14:11

3.961

Големина на фонт

а а а

Барселона ја очекува тежок распоред во наредниов период, а како тоа да не беше доволно одложениот меч со Осасуна ќе мора да го игра утре на „Монжуик“ од 21 часот.

Во ситуација кога најголемиот дел од играчите имаа репрезентативни обврски, немаа доволно одмор за закрепкување, дури и некои беа активни рано утрово како што беше Рафиња кој играше против Аргентина, лидерот во Примера ќе мора да се снаоѓа и да пронајде начин да ја оправда улогата на фаворит.

- Играчите играа во своите репрезентации, а сега е време да играме утре. Откако го имаме Леганес на гости во 21:00 часот, играме доцна, стигнуваме доцна. Ќе имаме малку одмор. Тоа е поврзано со закрепнувањето на играчите. Не сум среќен поради ова. Ги гледате другите лиги, како се справуваат со тоа, со Лигата на шампионите, тоа е сосема поинаку. Не се работи за Реал Мадрид против Барса, туку за заштита на шпанските тимови.

- Но, не можеме да го промениме тоа, ќе играме и секогаш сум велел дека нема изговори. Тимот е подготвен и можеме да победиме на секој натпревар. Сега размислувам позитивно за ова. Мора да го прифатиме. Така решија. Не можеме да го промениме. Работа на УЕФА или ФИФА е да одлучат дали играчите можат да се одморат. Можеби тоа е единствената опција, да кажат два-три дена одмор. На крајот, така е. Ла Лига даде зелено светло, - порача Германецот.

Потоа Барса на 30 март игра со Џирона, додека на 2 април го игра реваншот со Атлетико Мадрид во полуфиналето на Копа Дел Реј.