Кион: Арсенал веќе има договорено нов напаѓач

Дерби

26/03/2025

14:04

2.909

Големина на фонт

а а а

Премиерлигашот Арсенал се очекува да биде активен во летниот преоден рок, а еден од приоритетите се очекува да биде ангажман на нов напаѓач, играч кој ќе биде гаранција за голови.

„Топчиите“ во последниве месеци се соочија со доста проблеми, останаа без услугите на Жезус и Хаверц кои заработија повреди, па често во улога на напаѓач го гледавме Мерино што секако не е добро за тим кој има највисоки дострели и сака да освојува титули.

Александер Исак често се поврзува со Арсенал, меѓутоа според Мартин Кион тоа е сценарио кое е тешко остварливо во овој момент особено откако Њукасл го освои трофејот во англискиот лига Куп.

- Кога се работи за Исак, сега кога Њукасл освои трофеј ќе биде многу тешко да се земе од таму. Целиот свет е на него. Станува збор за наоѓање на овие играчи пред сите други. Сега има нов фудбалски директор. Мора да тргнете по играчите, добар бесплатен трансфер. Не можете да продолжите да трошите пари на очигледниот Деклан Рајс. Но, можете да бидете сигурни дека ова лето тие ќе купат напаѓач, без сомнеж, -вели Кион кој смета дека Арсенал веќе има пикирано и обезбедено некој офанзивец.

- Би кажал дека веќе има купено играч и тоа е веќе направено од гледна точка на Арсенал. Тие нема повторно да ја направат таа грешка, - додаде легендата на „топчиите“.