Леонардо за ефектот Малдини: Милан сега е празен, бездушен…

Дерби

26/03/2025

13:26

3.015

Големина на фонт

а а а

Милан има турбулентна сезона за која останува да видиме како што заврши и дали на крајот ќе биде остварена барем минималната цел, место во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2025/2026.

Во исто време „росонерите“ се обидуваат да решат и други прашања од кои најактуелно е позицијата на спортски директор. Доста имиња се појавија како потенцијални кандидати, ама засега нема ништо официјално потврдено иако некои информации беа дека функцијата ќе му биде доверена на Фабио Паратичи.

И додека се чека потврда, Леонардо ја посочи најголемата грешка во поновата историја на „црвено-црните“, а тоа според него е откажувањето од Паоло Малдини кој си замина во 2023 година.

- Дали духот на Милан треба да биде посилен? Ама тој веќе беше таму, неговото име е Паоло Малдини. Како директор освои Скудето и стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите. Потоа беше ослободен, а со него и голема страст.

- Денес тоа сите го сфатија: Милан се чувствува празен, бездушен. Но, тоа се циклуси и ќе помине. Исто така, верувам дека клубот сфати дека направи грешка, - смета Леонардо.