Постојат „Audi“ и „AUDI“, со напомена дека овој вториот е резервиран исклучиво за кинескиот пазар.
Точно така, „Audi“ минатата година го лансираше подбрендот AUDI, кој се пишува со големи букви и е наменет само за Кина. Оваа линија ќе вклучува три модели, сите целосно електрични, како дел од ревидираната стратегија на "Audi" во Кина. Со ова, германскиот бренд се обидува да ги задржи своите позиции на пазарот кој е под силен притисок од домашните кинески производители.
Првиот сериски "AUDI" дебитира во април
На годишната конференција за продажните резултати во 2024 година, извршниот директор Гернот Долнер најави дека првиот сериски "AUDI" модел ќе биде претставен на саемот "Auto Shanghai".
Настанот е закажан од 25 април до 2 мај, но премиерата ќе се одржи на 23 април, за време на првиот прес-ден. Името на моделот сè уште не е откриено, но познато е дека станува збор за сериска верзија на минатогодишниот концепт "AUDI E".
Соработка со "SAIC" и нова генерација електрични возила
"AUDI" ги развива своите модели во партнерство со кинеската компанија "SAIC", со која работи и на уште два модели – "SUV" и "Sportback". Благодарение на оваа соработка, трошоците за развој се намалени до 30%, според официјалните податоци од Audi. Овие два нови модели ќе дебитираат во следните две години.
Како што беше најавено уште со концептот, новите "AUDI" модели ќе се разликуваат дизајнерски од класичната понуда на "Audi". Истото важи и за внатрешноста, каде што ќе доминираат екрани, а физичките копчиња ќе бидат сведени на минимум.
Технолошки напредок и импресивни перформанси
Новиот модел, базиран на концептот "E", ја користи напредната дигитална платформа на "SAIC" (ADP). Димензиите го сместуваат некаде помеѓу "A5 Avant" и "A6 Avant".
Клучни спецификации:
• 800-волтна технологија
• Батерија од 100 kWh
• Опсег од најмалку 700 km (според CLTC)
• Полнење за 10 минути – околу 370 km опсег
• Погон со над 750 КС и 800 Nm
Со вакви карактеристики, "AUDI" влегува во борба за кинескиот електричен пазар со импресивни перформанси и напредна технологија.