[ФОТО] Луѓето во неверување кога видоа како денес изгледа негативецот од Хари Потер: Го покажал половиот орган пред семејството, шокирал со коментари, а неговата трансформација остава без зборови

Точка

24/03/2025

16:59

2.508

Големина на фонт

а а а

Го глумеше Лусиус Мелфрој во филмскиот серијал за Хари Потер, во неколку продолженија, меѓу другото и во филмот „Harry Potter and the Half Blood Prince“ во 2009. Годинава се претставува во хит-серија и многумина беа изненадени кога сфатија кој се крие зад ликот на Тимоти Ратлиф во серијата „The White Lotus“.

Актерот Џејсон Исак го играл и свирепиот полковник Вилијам Тевингтон во „The Patriot“ како и криминалецот Мајкл Кофи во американската ТВ серија „Brotherhood“, тоа се само дел од неговите многубројни улоги. Роден е во Ливерпул на 6 јуни 1963 година.


„Немојте да ми кажете дека тоа е Лусиус Мелфрој?“, „Да зборуваме колку добар е фраер Тимоти“, „Дали јас сум единствената која од неодамна се заљубила во Џејсон Исак?“, гласат коментарите од социјалните мрежи, каде исто така велат и дека овој актер по привлечноста ги надминал значително помладите синови во серијата.


Славниот Британец ја гази седмата деценија, а е на прагот да стекне уште повеќе обожаватели од кога било досега. Неговиот шарм тек сега процвета, што е во прилог на тоа дека и машката убавина нема рок на траење, исто како и женската убавина.


Џејсон Исак приредил шок во серијата „The White Lotus“ кога ги покажал гениталиите пред семејството, на што неговата телевизиска сопруга само се насмеала. Потоа следеле коментари дека се работи за протеза, на што тој бурно реагирал посочувајќи дека такви прашања не се поставуваат на актерките кога ќе покажат „брадавици или вулва“ и потоа се извинил поради тоа.


„Изговорив погрешни зборови на погрешен начин. Ја употребив фразата „двоен стандард“. Постои поинаков двоен стандард – жените се монструозно експлоатирани, а мажите не. Апсолутно не требаше да ги спомнувам актерките. Поентата не ми беше дека на мажите им е потешко од жените – тоа би било апсурдно“, нагласил тој.


Познатиот актер е заедно со режисерката на документарни филмови Ема Хјуит уште од 1987 година, врската ја започнале додека студирале на „Central School of Speech and Drama“, а се венчале во 2001 година. Имаат две ќерки. Тој се опишува себеси како Евреин, но не во религиозна смисла, бидејќи е атеист.


Вклучен е во голем број добротворни цели и е покровител на добротворната организација на шкотските ветерани „Bravehound“. Актерот долго време ја поддржувал Лабуристичката партија и рекол дека никогаш нема да ја поддржи Конзервативната партија. Во август 2020 година, тој изјавил дека конечно е трезен откако две децении се борел со зависноста од дрога и алкохол. Во таа замка паднал кога имал само 12 години кога локален шанкер нему и на неговиот пријател им понудил алкохолен пијалак.