[ВИДЕО] Македонија супериорна во Вадуц: „Тројка“ за идеален почеток на квалификациите за СП

Дерби

22/03/2025

17:21

1.833

Големина на фонт

а а а

Македонската А фудбалска репрезентација издвојува победа над Лихтенштајн од 3-0 во првиот натпревар во групата Ј од квалификациите за Светското првенство кое наредната 2026 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

Нашиот национален тим ја продолжи добрата традиција во пресметките со Лихтенштајн и забележа рутински триумф во Вадуц што дефинитивно е одлична најава за битката со Велс за три дена на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Ова беше дуел во кој ја имавме топката во нашите нозе, упативме скоро 20 удари кон голот на противникот од кои три завршија во неговата мрежа. Резултатот беше отворен во 7 минута по одличната соработка на напаѓачото дуо Миовски-Трајковски, Бојан испрати идеална топка која пак Александар ја смести на вистинското место.

Во финишот на првиот дел дојдовме до нов гол по корнерот на Барди по кој одлично во казнениот простор се снајде стоперот Муслиу ко на атрактивен начин дојде зголемување на водството.

Селекторот Милевски во вториот дел направи пет замени и тоа влијаеше врз нашата игра, но на крајот дојде акцијата, потегот на мечот во режија на резервистот Илиевски кој испрати магична топка која Миовски ја искористи за потврда на трите бода.