[ФОТО] Ова е најпосакуваната земја за преселба во 2025 година – Просечната плата изнесува 4.500 евра

Точка

21/03/2025

18:09

4.771

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Remitly“ ги истражила најпосакуваните земји за преселба во 2025 година, а на прво место се најде Исланд.

Во истражувањето биле оценети 82 земји врз основа на 24 клучни фактори, како што се јавниот превоз, вработувањето, трошоците за живот и среќата на населението, а податоците откриле дека Исланд е најпосакуваното место за преселба во 2025 година.


Островот, познат по својата импресивна природна убавина, со 58,4 поени од можни 100, се смета за идеална дестинација за оние кои размислуваат да се преселат во друга земја.

Прогласена за најбезбедна земја во светот

Инаку, Исланд неодамна бил прогласен за најбезбедна земја во светот, како и трета најсреќна и трета најопуштена земја во светот.


Главниот град Рејкјавик е дом на околу 140.000 луѓе, и иако е помал од познатите светски метрополи, има опипливо чувство на заедница и пријатна атмосфера, која ќе ја пронајдете во малите, шармантни кафулиња, како и во пространите ресторани. Покрај тоа, сите главни атракции во градот се на само неколку минути пешачење, што го прави многу пристапен.


Просечна плата – 4500 евра

Со сето горенаведено, просечната плата е само дополнителен бонус што ја прави оваа земја толку привлечна. Имено, Исланд и понатаму е високо на листата на земји кои нудат најдобри услови за живот и работа, а просечната плата е околу 4.500 евра.


Природна убавина

Исланд нуди и бројни можности за истражување на природната убавина. Полуостровот Снефелснес е неверојатен регион во западен Исланд, како и Златниот круг, позната рута која опфаќа водопади, гејзери и геотермални извори и која привлекува бројни туристи.



Инаку, Швајцарија се најде на второто место на листата на најпосакувани земји за преселба со 55,8 поени, додека Луксембург се најде на третото место со 55,7 поени. Во првите 10 земји се и Норвешка, Обединети Арапски Емирати, Ирска, САД, Данска, Холандија и Австралија.