Фудбалската репрезентација на Панама ги шокираше Американците во полуфиналето на КОНКАКАФ Лигата на нации, обезбедувајќи си место во финалето и дуел за трофејот со Мексико.
Панама постигна гол во 94. минута преку Вотермен и му нанесе незгоден пораз на составот предводен од Маурисио Покетино, кој остана без можност да се бори за трофејот во Лигата на нации.
„Лос Каналес“ реализираа и вирална сцена, откако решија да го прослават голот со легендарниот Тјери Анри, кој беше дел од отвореното студио на „Си-Би-Ес“ веднаш зад голот на Американците.
🚨🌎 Panama players rush to celebrate with Thierry Henry after scoring the 95th-minute winner against the USA. 😅pic.twitter.com/KTYzhCn3i4
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) March 21, 2025
Во второто полуфинале, Мексико ја победи Канада со 2:0.