Рибата-меур, најгрдото животно во светот, доби нова титула

Точка

20/03/2025

13:46

3.077

Големина на фонт

а а а

Рибата-меур (Psychrolutes marcidus), која претходно беше прогласена за најгрдо животно во светот, сега е избрана за „риба на годината“ на натпревар организиран од новозеландската еколошка група.

Овој вид ја доби титулата за најгрда риба поради својот желатинест и груткав изглед, а оваа недела, на годишниот натпревар што го организира Фондот за зачувување на планините и морињата, беше прогласена за риба на годината, пренесува "BBC".

Целта на натпреварот е да се подигне свеста за зачувување на животот во водите на Нов Зеланд.

Рибата-меур стана позната во 2013 година како маскота на Друштвото за зачувување на грдите животни.

Овој вид живее на морското дно и достигнува должина до 30 центиметри. Најчесто се наоѓа во близина на бреговите на Австралија и Тасманија, на длабочини од 600 до 1.200 метри.

Наместо скелет и крлушки, рибата-меур има меко тело и опуштена кожа.