Една Германка се пожали на "Reddit" дека пронашла навредлива порака во апаратот за варење ориз што го купила во продавница. Откако стигнала дома и ја отворила кутијата, била шокирана од рачно напишаната порака што ја затекнала внатре.
„Кога не би знаел да готвам, и јас би си купил ваква глупава помош. Со тебе не би сакал да бидам во домаќинство!“, пишувало во пораката што ја споделила на германскиот "subreddit".
„Кога во продавница ќе купите апарат за варење ориз и ќе најдете ваква ’слатка‘ порака … Ова е едноставно навреда за 80 проценти од сите Азијци“, напишала на "Reddit".
Wenn man in DE einen Reiskocher kauft und diese nette Karte darin findet. Casual insult an 80% der Asiaten.
byu/kkaennip inde
Поддршка на социјалните мрежи
Корисниците останале зачудени, бидејќи за многумина варењето ориз е составен дел од домаќинството, исто како и користењето електричен чајник. „Тоа е најнормалната работа на светот“, напишал еден корисник.
„Моите роднини од Виетнам носат апарат за варење ориз дури и на патувања“, додал друг.
Луѓето во коментарите ѝ испратиле пораки на поддршка, советувајќи ја да не обрнува внимание на навредливата порака. Сепак, останува мистерија кој ја напишал пораката и како завршила во кутијата со новиот апарат.