Сопственикот на станот на Кери Бредшо ги загуби нервите: „Ова е приватна сопственост, а не нејзин стан“

Точка

27/03/2025

21:15

2.673

Големина на фонт

а а а

Апартманот кој во серијата Сексот и градот ѝ припаѓа на Кери Бредшо, во реалноста се наоѓа во Вест Вилиџ и е една од најпосетуваните локации во Менхетен.


Иако поминаа повеќе од две децении од премиерата на серијата, љубопитните фанови сè уште масовно го посетуваат влезот на зградата, што предизвикува големо незадоволство кај вистинските сопственици.


За да ја заштитат својата приватност, тие поставиле знаци со пораки како „Приватен имот“ и „Посетители не се дозволени“. Дополнително, побарале дозвола за поставување ограда, што поради локацијата во историската област Гринич Вилиџ беше сложен процес, но конечно ја добиле во јануари оваа година.


Ситуацијата кулминирала неодамна кога сопственикот отворено се соочил со група туристи пред својот дом. Во видеото што стана вирално, тој видно вознемирен им порачува: „Ова е приватна сопственост, а не станот на Кери Бредшо. Се трудам да бидам трпелив, но понекогаш луѓето ја преминуваат границата. Ви посакувам убав ден.“


@codigonuevo

“No es la casa de Carrie, es la mía" ¿Qué opinas tú?

♬ sonido original - Código Nuevo


Реакцијата предизвика бројни коментари на интернет, со многумина кои му изразија поддршка: „Целосно го разбирам. Истата приказна секој ден.“ „Зошто луѓето се толку опседнати со домовите на измислените ликови?“


Сопругата на сопственикот дополнително открила дека некои фанови одат дотаму што се качуваат на оградата, ѕиркаат низ прозорците, ѕвонат на вратата, па дури и се обидуваат да влезат во станот. Некои дури оставаат потписи и иницијали на влезните врати.



Интересно е што меѓу оние кои ја прекршиле приватноста на сопствениците наводно била и самата Сара Џесика Паркер, која пред неколку години, без нивна дозвола, снимила рекламна кампања за нејзината колекција чевли токму пред овој стан.