[ФОТО] Чудесната руска тинејџерка го освојува светот на тенисот – Среде натпреварите користи тетратка

Точка

19/03/2025

20:37

792

Големина на фонт

а а а

Светот на тенисот одамна немал поголемо „чудо од дете“ од младата Русинка Мира Андреева, 17-годишната девојка која воодушевува со својата игра, но и со својот менталитет.

Имено Андреева ја освои својата втора последователна ВТА 1000 титула со победата на турнирот во Индијан Велс во неделата. За каков успех станува збор, најдобро говори фактот што таа е третата најмлада тенисерка во историјата која победила на овој голем турнир.


Исто така, младата Русинка како тинејџерка успеала да стигне до шестото место на ВТА ранг-листата, а тука се уште неколку импресивни историски податоци.


Со тоа што успеала да ги порази светскиот рекет број два и број еден во полуфиналето и финалето, Андреева станала втората најмлада тенисерка во историјата која успеала да го направи тоа на еден турнир. Само Трејси Остин успеала да го направи тоа на помлада возраст, во далечната 1979 година.

Mirra Andreeva’s Secret Weapon? 📖🔥 The 17-Year-Old’s Notebook Holds Detailed Files on Her Indian Wells Rivals!


Mirra...

Posted by AGTP Tennis on Saturday, March 15, 2025

Инаку Андреева ја освои титулата во Индијан Велс победувајќи ја Арина Сабаленка по пресврт со 2:6, 6:4 и 6:3.

Но, она што е најинтересно од сè е што за време на турнирот камерите ја фатиле Мира со тетратка на клупата за играчи.


Станува збор за листови со имињата на сите противнички со кои се соочила. Камерата забележала дека Андреева има запишани податоци за секоја тенисерка против која играла. За жал, не било видливо со какви податоци располага, но очигледно тоа вродило со плод.

Сепак можело се забележи дека тетратката на Андреева содржи информации за Елена Рибакина и Елена Свитолина.