Брз и вкусен ручек без многу мака: Подгответе похувани пиперки полнети со сирење

Точка

29/09/2026

15:03

253

Големина на фонт

а а а

Похуваните пиперки полнети со сирење се едноставно јадење кое можете да го јадете како прилог со месо, а може да биде и опција за ручек без други додатоци.

Едноставно се подготвуваат, а рецептот за оваа верзија го пронајдовме на Јутјуб каналот „Moja Kuhinjica“.

Потребни состојки:

• 6 до 7 печени црвени пиперки
• 250 гр. фета сирење
• 2 лажици павлака
• малку бибер и магдонос по желба
• околу 100 гр. брашно
• 2 јајца
• околу 100 гр. презла
• масло за пржење


Подготовка:

Пиперките измијте ги, па наредете ги во тава и печете ги додека не добијат црни дамки на 250 степени. Оставете ги да се изладат, па потоа исчистете ги од семките.

Во сад издробете го сирењето, измешајте го со павлаката и зачините. Наполнете ја секоја пиперка со подготвената смеса од сирење.

Во сад изматете ги јајцата. Во една чинија ставете брашно, а во друга презла. Секоја полнета пиперка извалкајте ја во брашното, потоа во јајцата, па во презлата.

Пржете ги во загреано масло додека не добијат убава златна боја од двете страни.