[ФОТО/ВИДЕО] Ладниот поглед на заводничка и голото тело направија „хаос“ на ревијата: Со причина е една од најубавите манекенки на светот

Точка

05/10/2026

07:00

538

Големина на фонт

а а а

Адријана Лима повторно го привлече вниманието на јавноста, но овојпат не поради модна комбинација или, пак, сензуална прошетка на модна ревија. Таа привлече внимание со својот физички изглед.

Деновиве, Париз е место за собирање на познати ѕвезди, а причината е Неделата на модата во Париз, која привлекува познати дами, трендсетерки и инфлуенсерки од целиот свет. Вниманието на јавноста неодамна го привлече прекрасната Адријана Лима, која гордо прошета за модниот бренд „Messika“.


За оваа пригода, таа одлучи да носи смела комбинација - јакна од нежна чипка, која ја искомбинираше со латекс миди здолниште.

Облеката е дел од женската колекција пролет/лето 2027 и ја нагласува женската фигура, како и природната сексапилност. Не треба да се изостави крзненото палто, но и ракавиците во виолетова боја, кои на целиот стил му дадоа шик шмек.


Таа го комплетираше изданието со едвај забележлива количина шминка и убаво стилизирана пунџа. Изборот на оваа фризура ја истакна специфичната бразилска убавина на Адријана, но и нејзиниот ладен изглед на заводничка.

Поделени реакции на јавноста на мрежите

Фотографиите од ревијата се проширија на интернет, а корисниците на „X“ имаа поделени мислења за нејзиниот изглед.


И додека некои тврдат дека таа „изгледа коски и кожа“ и дека сега е „непрепознатлива“, други ја застапуваат идејата дека е „поубава од кога било досега“ и дека „го вратила своето тело како модел“.