Лајпциг бара 80 милиони евра за Чави Симонс

Макфакс

18/03/2025

13:05

320

Големина на фонт

а а а

Играчот од средниот ред Чави Симонс е подготвен да го напушти Лајпциг, а германскиот клуб е подготвен за преговори.

Новинарот Флоријан Плетенберг денеска откри дека Лајпциг бара 80 милиони евра за неговиот трансфер.

Лајпциг оваа зима го откупи договорот на Чави Симонс од ПСЖ за 50 милиони евра и очекува добра добивка од најмалку 30 милиони евра.

Чави Симонс пристигна во Лајпциг на позајмица во летото 2023 година, подоцна не сакаше да се врати во Париз, па ПСЖ во јануари го продаде на Германците.

Тој е „дете“ на Барселона, но како тинејџер замина во ПСЖ на слободен трансфер во 2019 година.

Тој летово беше поврзуван со Баерн Минхен, но се споменуваа и некои премиерлигаши.

Симонс може да игра на неколку позиции во нападот и средниот ред, останува да се види кој ќе плати 80 милиони евра за неговиот потпис.