Фоден за целите на Сити: Само така ќе ја спасиме оваа сезона

Дерби

18/03/2025

12:50

318

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити игра сезона далеку под своите стандарди, сезона во која на крајот може да остане без ниту една титула, ама и без место во Лигата на шампионите.

Веќе одамна е запален алармот на „Итихад“, меѓутоа и покрај сериозните вложени средства во зимскиот преоден рок, работите тешко се движат во посакуваниот правец, екипата нема соодветен баланс, континуитет и покажува доста слабости.

Меѓутоа има простор да се корегираат некои работи и според Фил Фоден ако до крајот обезбедат Топ 4 пласман во Премиер лигата и го освојат пехарот во ФА Купот, тогаш можат дека ја спасиле оваа сезона.

- Ова е толку важно. Чувствувам дека ако го освоиме ФА Купот и завршиме во Топ 4, ќе ја спасиме слабата сезона во моите очи.

- Сега една од нашите главни цели е да се погрижиме следната сезона да играме во Лигата на шампионите. Во наши раце е ако ги победиме нашите натпревари, бидејќи треба да веруваме во она што можеме да го направиме и да веруваме дека можеме да го направиме тоа.

- Ни треба малку повеќе самодоверба. Не ни беше цел да бидеме овде на почетокот на сезоната, но понекогаш тоа е фудбалот, никогаш не се знае што ќе се случи зад аголот. Секогаш има тимови кои нè подобруваат и не предизвикуваат, и да, имавме малку пропуст оваа сезона, но сепак можеме да ја завршиме силно и да ја спасиме сезоната ако сакате, - порача офанзивецот кој игра година далеку послаба од претходната.