Енрике: Сакаме да ги освои сите трофеи до крајот на сезонава

Дерби

18/03/2025

12:15

235

Големина на фонт

а а а

Пари Сен Жермен игра во навистина импресивна форма во оваа 2025 година, година во која изгледа незапирливо на сите фронтови.

„Светците“ играат одлично во Франција, Лигата на шампионите, па тие изданија носат и ја креваат самодовербата не само на играчите туку и на тренерот Луис Енрике кој смета дека оваа група може да ги освои сите пехари до крајот на тековнава сезона.

- Ова беше исклучителна недела за нас. Овој меч секогаш ги мотивира играчите од двата тима и мислам дека приредивме одлично шоу. Секој тренер се труди правилно да ги игра своите карти. По еден натпревар како оној против Ливерпул во Лигата на шампионите, имавме шанса да одиграме класично дерби и тоа не држеше на прсти. Многу сум среќен со мојот тим и поддршката од нашите навивачи.

- Нашата цел е да ја освоиме Лига 1, да ги освоиме сите можни трофеи. Ова е нашата надеж. Свесни сме за огромниот предизвик со кој се соочуваме. Секојдневно работиме напорно за да го постигнеме она што го сакаме, - порача шпанскиот стручњак.