Мбапе за „Златната топка“: Ако ти кажев дека Родри ќе ја освои…

Дерби

18/03/2025

12:00

353

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе се враќа во француската репрезентација и треба да биде големо засилување за дуелите со Хрватска во Лигата на нации.

Мбапе има квалитетна прва сезона во дресот на Реал Мадрид и ако неговиот тим освои трофеи до крајот на истата, сигурно негово име ќе избие во топ изборот за „Златната топка“ иако засега не се споменува како она на сонародникот Усман Дембеле кој игра лудо во оваа 2025 година и го предводи тимот во многу победи на домашната сцена и во ЛШ.

Ѕвездата на Реал беше запрашана за шансите на Дембеле за „Златната топка“, а неговиот одговор беше јасен и директен:

- Денеска не знаеме кој ќе ја освои Златната топка. Не треба да исклучуваме никого; сите играчи можат да бидат наградени, можеби дури и голман. Последната мислев дека ќе оди кај Винисиус, но на крајот му припадна на Родри. Да ти кажев пред три месеци, што ќе кажеше: „Што по ѓаволите зборуваш?“, - вели напаѓачот за „Ле Паризиен“.