Меси се огласи по повредата и веста дека ќе ги пропушти дерби соочувањата со Уругвај и Бразил

Дерби

18/03/2025

11:59

277

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси во изминатиов период пропушти неколку натпревари за Интер Мајами за да во претходниве денови се врати на терените и даде два погодоци за неговиот тим од кој оној против Атланта во МЛС лигата беше вистинска мајсторија во негов стил.

Меѓутоа овие нови настапи му донесоа повреда која ќе го спречи да биде достапен и да ја предводи Аргентина на дерби соочувањата со Уругвај и Бразил во квалификациите за Светското првенство.

- Тажен сум што ги пропуштам овие важни натпревари против Уругвај и Бразил со репрезентацијата. Навистина сакав да играм, но оваа мала повреда значи дека треба да одморам, па не можам да бидам таму. Ќе навивам и ќе дадам поддршка од овде како и секој друг навивач. Напред Аргентина, -порача Лео на социјалните мрежи.

Аргентина е на првото место во јужноамериканските квалификации, наредните две средби се закажани за 22 и 26 март.