Килијан Мбапе посочи дека би се поздравил со Насер Ал Келаифи доколку дојде до пресметка меѓу Реал Мадрид и ПСЖ во полуфиналето во Лигата на шампионите, а дека Французинот има сериозна намера да слави во едно такво сценарио, најдобар приказ е изјавата која ја даде околу очекувањата кои ги има за завршните два месеци од сезоната.
По оваа репрезентативна пауза, на клупската сцена ќе стапи самата завршница во првенствата, националните Купови и Лигата на шампиони, а Килијан како голема ѕвезда на Реал си постави најтежок можен предизвик во последните два месеци од кампањата.
Мбапе посакува триумф во сите три натпреварувања во кои Реал Мадрид сè уште е во игра, потфат кој интересно „кралевите“ го немаат остварено никогаш во својата историја.
Иако има освоено безброј титули, Реал ниту еднаш нема освоено триплета во својата клупска историја, па Мбапе смета дека е вистинско време за уривање на тој мит.
– Сè уште сме во игра во најважните натпреварувања и имаме шанса да оствариме нешто многу големо до крајот на сезоната. Цела енергија треба да ја повсетиме на тоа, да мислиме само на следниот меч и да го даваме максимумот. Не смееме да правиме проекции за тоа со кого би играле во полуфиналето, без разлика дали е тоа ПСЖ. На ред прво е Арсенал, мора да го минеме Арсенал, па потоа да мислиме за следниот ривал.
– Му посакувам се најдобро на ПСЖ, но коцентриран сум на тоа што го имам во Реал Мадрид. Фокусиран сум на историската триплета која можеме да ја освоиме. Тоа е нешто што го нема направено никој во Реал, па ќе биде навистина неверојатно ако ми успее во мојата прва сезона. Планот ми е да дадам 150 проценти од себе и да донесам што е можно повеќе титули за Реал, – потенцира Мбапе во интервјуто за „Ле Паризен“.