Ван Дајк откри до кога ќе биде решена неговата иднина во Ливерпул: Ќе има вести…

Дерби

18/03/2025

11:23

384

Големина на фонт

а а а

Дефанзивецот Вирџил Ван Дајк е едно од трите големи имиња во Ливерпул кој останува без договор на крајот на сезоната.

Тој е играч на „црвените“ до 30 јуни и потоа може слободно да се пресели во било кој клуб на планетава со тоа што тој веќе има можност да преговара со тимовите кои го посакуваат и да потпише преддоговор.

Меѓутоа се чини дека Ливерпул засега останува во неговиот фокус, сака да даде можност да се реши ситуацијата, меѓутоа и тој има поставено рок до кога треба да се затвори ова прашање.

- Пред крајот на сезоната ќе има новости. Сè додека сум целосно посветен и имам целосен фокус на задачата што претстои и го сакам клубот, тоа е главната работа. Тоа сум јас, - истакна Холанѓанецот кој им порача на соиграчи да останат посветени и да ја потврдат титулата во ПЛ по разочарувањата во ЛШ и Лига Купот.