Пари Сен Жермен трагна по потписот на капитенот на ливерпул, Вирџил ван Дајк.
Според француските медиуми, спортскиот дирекотр на ПСЖ започнал прелиминарни преговори со Холанѓанецот, што само долеа масло на огнот на видеото кое се појави по натпреварот помеѓу Ливерпул и ПСЖ.
Имено, по осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите се појави видео на кое Ван Дајк комуницира со првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Кампос.
Последните информации говорат дека ПСЖ на Ван Дајк му нуди двегодишен договор вреден 40 милиони евра (20 милиони годишно), со опција за продолжување на уште една сезона и со потенцијални бонуси и заработка од дури 50 милиони до 2027 година.
Навивачите на Ливерпул се загрижени бидејќи клубот се уште не направил конкретни потези во преговорите и знаат дека клубот не може да и парира на оваа понуда.
По елиминацијата од ПСЖ, Ван Дајк изјави дека тимот од Париз е „најтешкиот противник и најдобриот тим против кој Ливерпул играл во последните четири години“.