Јунајтед бара напаѓач, на листата се четири имиња!

Дерби

18/03/2025

10:50

406

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед и покрај финансиските проблеми ќе треба да се засили во летниот преоден рок, а една од позициите која е приоритет е нападот, офанзивната линија, поточно доведување на играч кој ќе може да испорача погодоци.

Поранешниот англиски првак има постигнато само 37 голови на 29 мечеви во Премиер лигата, прескромен учинок кој едноставно покажува и зошто Јунајтед во моментов е на 13. позиција на табелата.

Рубен Аморим има свои замисли за тоа како треба да изгледа екипата и според „Мирор“ четири имиња се во игра за позицијата „девет“.

Тука е Виктор Ѓекереш од Спортинг што воопшто не е изненадување со оглед на тоа што Аморим имаше перфектна соработка со него во клубот од Лисабон, потоа тука е Виктор Осимен од Наполи кој сезонава ја игра како позајмен во Галатасарај, Бенјамин Шешко од РБ Лајпциг и Уго Екетике од Ајнтрахт Франкфурт.