[ВИДЕО] Двајцата астронаути заглавени на Меѓународната вселенска станица со месеци конечно се враќаат на Земјата

Макфакс

18/03/2025

08:50

870

Големина на фонт

а а а

Двајца астронаути на НАСА заглавени на Меѓународната вселенска станица се упатуваат назад на Земјата со „Спејс Икс“ за да ја завршат драматичната мисија што започна со пробен лет на Боинг пред повеќе од девет месеци, јавува Асошиетед прес.

Буч Вилмор и Суни Вилијамс се простија од Меѓународната вселенска станица – нивниот дом од минатата пролет – заминувајќи во капсула „Спејс Икс“ заедно со уште двајца астронаути. Капсулата се одвоила во раните утрински часови, а се очекува да слета на брегот на Флорида до вечер, во зависност од временските услови.

Тие очекуваа да бидат на Меѓународната вселенска станица само една недела по лансирањето во новата капсула „Старлајнер“ на Боинг на 5 јуни. Но, многу проблеми што се појавија на патот до вселенската станица ја принудија НАСА да го испрати „Старлајнер“ назад празен и да ги пренесе астронаутите во „Спејс Икс“, одложувајќи го нивното враќање до февруари. Тогаш проблемите со капсулата „Спејс Икс“ додадоа уште еден месец доцнење. Доаѓањето на нивните замени вчера значеше дека Вилмор и Вилијамс конечно би можеле да си заминат.