Човек пронајде стара "Nokia 3310" по 22 години – остана во шок кога ја вклучи

Точка

17/03/2025

12:43

2.132

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи повторно кружи приказната од 2019 година, која секоја година одново станува вирална, а главната ѕвезда е култниот телефон од почетокот на милениумот – легендарната "Nokia 3310".

Еден маж од Понтиприд, Велс, останал во тотален шок кога, по цели 22 години, ја пронашол својата одамна загубена "Nokia 3310", а најневеројатното од сè – телефонот сè уште работел!

Тој раскажал дека, кога го пронашол, едноставно го притиснал копчето за вклучување, екранот веднаш засветил, а батеријата дури имала и една цртичка.

Неговата приказна брзо стана вирална, а постарите се потсетија на легендарниот телефон и популарната игра „Змија“, додека помладите останаа во неверување.

Легендарната "Nokia 3310"

"Nokia 3310" беше претставена во 2000 година и брзо стана еден од најпопуларните телефони на своето време. Позната е по својата неверојатна издржливост и батерија што траеше со денови, па дури и со недели.

Толку беше цврста и отпорна, што со години кружат шеги и мемиња за тоа како може да преживее сè – од паѓања од големи височини до судири со автомобили.


Во шега велат дека, „ако падне на под, подот ќе се скрши, а не телефонот“.

А батеријата? Можеше да издржи до 11 дена во „standby“ мод без полнење.

Генерацијо "Z", ете што пропуштивте!